Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, во интервју за грчката телевизија Алфа рече дека во преговоите со Македoнија не се преговара само за името, туку за идентитетот и за Уставот.
-Ние сме име за внатрешна и надворешна употреба и за меѓународните односи и за билатералните односи. Значи, има име и тоа се користи, но доаѓаат и дополнувања. Идентитетот, јазикот… Моите пријатели во Скопје сметаат дека нема потреба за промена на Уставот. Тоа не можат да го направат сега, немаат мнозинство. Сепак, веруваме дека со цел договор да донесе долгорочна стабилност и консолидација со оваа земја, потребни се уставни промени. Во спротивно се остава простор за конфликти во иднина – рече Коѕијас.
Тој додаде дека прифаќа име кое би имало географска одредница и не би се преведувало на ниту еден друг јазик.
„Или Горна Македонија, Северна Македонија, Вардарска Македонија или Македонија-Вардар. Има дебата. Името да биде на латиница, на англиски, од каде би се преведувало на сите јазици, мислам дека тоа го сака Скопје. Но, мојата желба е малку покомплексна. Би сакал тоа име да покаже друга Македонија, географски ентитет, а не историски наследник на грчка Македонија – истакна Коѕијас.
Тој посочи дека изготвил план од седум точки на 20 страници, со кој месецов ќе дојде во Македонија.