Димитров: Со достоинствено решение да се направи разлика меѓу државата Македонија и регионот во Грција

by Фокус

Македонците се подготвени да прифатат географска одредница во спорот за името со Грција, вели шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, во интервју за емисијата Панорама, што се емитуваше синоќа на бугарската телевизија БНТ1.

-Македонците имаат надеж дека и тие имаат волја за тоа. Не е лесно, решението е тешко, а проблемот е стар, колку што е стара нашата независност. И покрај тоа, по излегувањето од кризата Македонците имаат чувство дека имаат шанса – рече Димитров.

Тој додаде дека има две цели во преговорите – едната е да се направи јасна разлика меѓу државата Македонија и регионот во Грција, а втората е тоа да се направи на достоинствен начин.

Поврзани новости