Ковид-19 се шири низ Кавадарци, три нови случаи денеска

by Fokus

Три нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во Кавадарци денеска. Станува збор за жена на 50 години, и двајца мажи на возраст од 63 и 64 години.

-Жената работи како стоматолошка сестра во приватна ординација. Почувствувала симптоми, имала покачена температура, па поради тоа и бил земен брис. Таа сега е во добра состојба, останува на домашно лекување, се утврдуваат контактите. Мажот на возраст од 64 години работи како таксист. И тој поради пројавени симптоми барал тестирање. Бидејќи имал покачена температура, изминативе 10 дена не одел на работа. На домашно лекување е. Третиот случај е маж на возраст од 63 години, кој е во Скопје, на невропсихијатрија. Таму се наоѓа од 26-ти јуни, бил опериран поради друга здравствена состојба – изјавија од Центар за јавно здравје Кавадарци.

Со последните случаи, бројот на ковид-19 регистрирани пациенти во Кавадарци се искачи на 18. Активни се 12 случаи. Помеѓу активните има шест здравствени работници.

Вики Клинчарова

Поврзани новости