Ковачки: Џафери и ДУИ на државен трошок примаат партиски гости, Ковачевски го продаде СДС

by Fokus

„Два дена премиер Талат Џафери, два дена парадирање наместо работа. Ако првиот ден Џафери со паркирани службени возила го чекаа пред кафеани на плоштад во пешачка зона, вториот ден тој отиде на прослава организирана по повод неговата функција во Форино“ рече на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Тој вели „додека Џафери парадира, СДС и Ковачевски мора да молчат, затоа што тие го изгласаа во Собрание“.

„СДС и Ковачевски свесно ја препуштија целокупната власт на Талат Џафери и на ДУИ. ДУИ со 15 пратеници има премиер, а СДС со 40-тина едвај 5-6 министри. Ковачевски го продаде СДС, си ги продаде и сопствените пратеници за ден повеќе власт со криминалците од ДУИ. Колку е ДУИ криминогена и корумпирана се гледа од најситни детали како возење на странски новинари, партиски гости на државен трошок, со државни возила од министерствата со кои управуваат нивните кадри, преку користење на просториите на институциите за приватни забави и собиранки, па се до милионските тендери за нивниот партиски донатор Еуровиа“ вели Ковачки.

Поврзани новости