Ковачевски: Со кампањата „Ние сме Европа“ не се испумпуваат пари од буџетот, тие се планирани во буџетот на СЕП

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски негира дека со кампањата „Ние сме Европа“ се испумпуваат пари од буџетот за убедување на граѓаните за уставните измени. Тој ова го кажа како одговор на новинарско прашање, бидејќи кампањата  на Секретаријатот за европски прашања како што вчера најави вицепремиерот Бојан Маричиќ чини 80.000 евра.

Тој додаде дека парите исклучително домаќински се инвестираат од оваа Влада, и дека не се трошат на жални врби, на стиропор којшто се распаѓа по зградите.

„Тоа се планирани пари во Буџетот на СЕП и се работи за комуникациска кампања со граѓаните со цел да можат да бидат презентирани придобивките од зачленувањето во ЕУ и да биде презентиран процесот на водење на скринингот со ЕУ и што е она што следува понатаму. Сметам дека граѓаните треба да бидат информирани за тој процес затоа што затоа што ако ги погледнете истражувањата на јавното мислење тогаш ќе се уверите дека 80 проценти од државата сакаат да бидат дел од ЕУ. Тоа впрочем го потврдува и однесувањето на нашите граѓани во сите изминати декади бидејќи нашите граѓани покажале дека сакаат да живеат во држава која е земја членка на ЕУ која има висок стандард и демократија и социјална правда и затоа одат во земји од ЕУ“, вели Ковачевски.

Поврзани новости