Ковачевски се пофали дека во услови на криза се градат патишта

by Fokus

Општина Маврово и Ростуше ќе добие ново поврзување со изградба на регионален пат кој ги поврзува Извор и Гарски Мост, а во меѓувреме се работи на рехабилитација на регионалниот пат Маврови Анови – Жировница, долг речиси 20 километри, изјави премиерот Ковачевски по увидот на работите во овој регион.

Овој патен правец ги поврзува населените места од Општина Маврово Ростуше: Ново Село, Бунец, Маврови Анови, Жировница, Ростуше, Бошков Мост, Дебар, Блато се до границата со Албанија, со вкупна должина од над 60 километри.

– Изминативе години во овој регион работевме на изградба на квалитетна патна мрежа и завршивме неколку значајни инфраструктурни проекти, како што е рехабилитација на патот од Гостивар до Стража и Кичево и патните правци кон и околу Маврово. Изградбата на патиштата е приоритет. Развиена инфраструктура, значи развој на економијата во земјава, затоа и во услови на најголема криза ние инвестираме во инфраструктурни проекти, рече Ковачевски.

Тој напомена дека за оваа Влада од голема важност е довршувањето на патните Коридори 8 и 10 и носењето на одлуката за влез на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Поврзани новости