Ковачевски: Се надевам дека Мицковски ќе се надмине себе си и ќе поддржи интеграција на Македонија во ЕУ

by Fokus

На лидерската средба што во среда во 11 часот ќе се оддржи во Клубот на пратеници ќе се сретнат на тет-а-тет средба премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на опозициската БМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски. Форматот на средбата го избрале ВМРО-ДПМНЕ, откри премиерот Ковачевски во изјава за новинарите по увидот на делницата Неготино – Демир Капија.

Тој рече дека во поканата која ја испратиле до ВМРО-ДПМНЕ јасно било ставено тие да изберат во кој формат ќе се одржи средбата.

„ Во зависност од тоа дали имаат доверба меѓу себе, па смеат да зборуваат еден пред друг, или сакаат да одат сами на средба јас оставив да одлучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Тие го избраа форматот, средбата ќе се случи во 11 часот во среда“, изјави Ковачевски.

Тој рече .дека на средбата ќе се разговара на две теми, од кои едната е носење одлуки за европските интеграции на државата, а втората е активностите на сите политички чинители во државата во однос на односите со соседите.

„Тоа се двете исклучително значајни теми од кои зависат интеграциите на државата и што побрзо зачленување во ЕУ. Во Државата постојат два концепти, едниот е концепт за европска Македонија и вториот е кој го предводи Левица а тоа е Северна Македонија изолирана. Така беше десет години од 2006 до 2016 година.

Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да се надмине себеси и барем еднаш во овие 32 години независна Македонија ќе поддржат одлука која ќе овозможи државата да се интегрира во ЕУ, по интегрирањето во НАТО. Заклучоците се едноставни, на една страна има интеграција на Македонија, а на другата страна изолација“, рече Ковачевски.

На новинарско прашање што очекува од средбата, премиерот рече дека очекува отворено да поразговара со Мицковски на овие две теми.

ВМРО-ДПМНЕ во соопштението до јавноста пак рече дека очекуваат со премиерот да се разговара што ќе се случи откако нема да поминат измените на Уставот, кои се потребни за да може да почнат преговорите со ЕУ.

 

Поврзани новости