523
Премиерот Димитар Ковачевски зборуваше за македонскиот пат кон ЕУ, кој е сѐ уште блокиран поради билатералното прашање со Бугарија.
Ковачевски не сака да лицитира со датуми за одржување на ветената меѓувладина конференција за старт на преговори, и вели дека никогаш не го спомнал јуни, но предупредува дека секое одлагање го зголемува скептицизмот во земјата и им остава простор на актери блиски до режимот на Владимир Путин.
„Неотпочнувањето на преговори со Република Северна Македонија дава лош сигнал, бидејќи ние веќе имаме четири позитивни извештаи од страна на Европската Комисија за нашиот напредок во усогласувањето со ЕУ. Тоа дава лош сигнал како за нас така и за цел регион“, вели тој.