Ковачевски: Нема поголем патриотизам од поддршката за просперитет

by Фокус

Премиерот Димитар Ковачевски преку Фејсбук им честиташе и им се заблагодари на пратениците кои гласаа „за“ заклучоците од Информацијата за Предлог-преговарачката рамка со Европската Унија.

Тој вели дека тие денеска покажаа демократски капацитет и гласаа за европска иднина на државата.

„Нема поголем патриотизам од поддршката за просперитет на земјата и од одлуки кои се од највисок интерес за државата и граѓаните. Конечно македонскиот јазик ќе ечи секаде низ Европа. Вака се сака државата, со мудри и државнички одлуки“, напиша Ковачевски.

 

Поврзани новости