423
Тензично беше на денешните пратенички прашања на релација помеѓу премиерот Димитар Ковачевски и пратеникот Димитар Апасиев од Левица. Во еден момент, Ковачевски на Апасиев му читаше дефиниција од интернет, за тоа што е параноја.
„Паранојa е инстинкт или мисловен процес кој е под силно влијание на вознемиреност или страв, честопати до степен на заблуда и ирационалност. Параноичното размислување вообичаено подразбира страв од прогон или убеденост дека има некаква завера против самиот себеси. Параноична личност може да се убеди себеси дека некоја случка била намерна кога според повеќето луѓе станува збор за несреќа или случајност“, рече Ковачевски.