451
Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше во посета на манистирот ,,Св.Јован Бигорски”.
-Манастирот Св. Јован Бигорски е живо сведоштво за автентичниот македонски идентитет.
Делата на македонските преродбеници од 19 век, црковните книги и зачуваните писма на бигорските игумени и монаси во манастирската библиотека говорат за нашата многувековна црковна историја и култура.
Со историската одлука за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА, вратите и убавините на манастирот Св. Јован Бигорски, се отвораат и за верниците од сите сестрински православни цркви, вели Ковачевски.