79
Досегашниот премиер Димитар Ковачевски денеска во владата ќе му ја предаде функцијата на техничкиот претседател претседателот на преодната влада.
Собранието вчера ја изгласа техничката влада со 65 гласа „за“ и три „против“. Премиер во преодната влада е Талат Џафери од ДУИ. На засебна седница се констатираа и заменик-министрите, како и дополнителните заменик-министри.
ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за изборот на влада, иако доби дваjцa министри – за внатрешни работ и за труд и социјална политика. До формирањето на нова влада до крајот на јуни, земјата ќе ја води техничка влада.
Парламентарни избори во земјава ќе се одржат на 8 мај, а претседателски избори на 24 април.