Путин и официјално е кандидат на претстојните претседателски избори

by Fokus

Руската Централна изборна комисија (ЦИК) официјално го прифати Владимир Путин како кандидат на претседателските избори во март, откако неговиот тим го достави потребниот број потписи за неговата кандидатура за реизбор.

Изборните власти соопштија дека кабинетот на Путин успеал да собере околу 315.000 потписи од граѓани ширум земјата, додека само 0,15 отсто од потписите се неважечки поради разни грешки, пишува РИА Новости.

Според руските изборни закони, кандидатот кој има намера да се кандидира како независен мора да собере 3.000.000 единствени потписи за поддршка на неговата или нејзината кандидатура.

„Одлуката беше едногласна“, рече шефицата на ЦИК Ела Памфилова во соопштението за регистрацијата на кандидатурата на Путин.

Путин е четвртиот претседателски кандидат кој доби официјално одобрение од ЦИК да се кандидира на претстојните избори, трка во која сигурно ќе победи, пишува The Moscow Time.

Заедно со актуелниот руски лидер, има и кандидати од екстремно десничарската Либерално-демократска партија, Комунистичката партија и Новата народна партија, сите имаат претставници во парламентот и затоа не треба да собираат потписи.

Поврзани новости