Премиерот димитар Ковачевски рече дека ако го прашаат дали ја подзравува оценската мисија за Судскиот совет од ЕУ што вчера ја најави евроамбасадорот во македонија Дејвид Гир, тој рече дека ја поддржува, бидејќи потоа ќе се направат соодветни реформи за подобрување на работата на правосудните органи во земјата. Тој ова го кажа во одговор на новинарско прашање на прес конференцијата со албанскиот премир Еди Рама, кој со владина делегација од Албанија е во посета на Македонија.
Ковачевски рече дека вакви оценски мисии на правосудните органи сме имале и претходно.
„Ако ме прашате дали ја поздравувам, ја подрживам“, рече Ковачевски.
Тој појасни дека на оваа тема разговаранл со амбасадорот Гир уште пред една и пол година.
„Со огледа на тоа дека нашиот судски систем е независен од Владата е независен од кого било во светот. Ние иновирајќи ги неколку пати реформите во судството каде на почетокот судиите беа бирании во Парламент па има мандати. Потоа се премина на друго решение на крај сега имаме решение во кое судиите имаат доживотен мандат и се бираат од Судскиот совет како нзеависно стручно тело кое има свој интегритет. Оценката за нив повторно ја даваат судии од Судски совет. Тоа е едно тело кое само се бира, само се оценува и самото дава анализа што направило“, рече Ковачевски.
Тој додаде дека од првиот ден кога станал премиер сметал дека такви системи често пати знаат да имаа подруга слика за себе од тоа што има јавноста на која што и служат.
„Затоа добро е што во рамки на соработката која што ја имаме со ЕУ, таа соработка значи дека добиваме и поддршка во многу области, меѓу кои и владеење на правото сега ќе можат да организираат процес на таква мисија. Со тоа ќе ги проверат сите информации во врска со функционирањето на Судскиот совет, а потоа тоа ќе го споделат и со Евроопската комисија и со нашите политички актери кои немаат субординација врз судството. Тоа треба да го знаат сите. Врз основа на тие информации потоа треба да бидат предложени соодветни реформи, кои ќе ја унапредат работата на правосудните органи во државата“, рече Ковачевски.