Трпески и Наков стануваат економски советници на Ковачевски, дали ќе остане Верушевски?

Универзитетските професори Предраг Трпески и Леонид Наков ќе му бидат советници за економија на премиерот Димитар Ковачевски, дознава Фокус од високи владини извори.

by Фокус

Универзитетските професори Предраг Трпески и Леонид Наков ќе му бидат советници за економија на премиерот Димитар Ковачевски, дознава Фокус од високи владини извори.

Покрај нив, во новиот советодавен тим во премиерскиот кабинет се очекува да останат и дел актуелните советници, избрани во времето на поранешниот премиер Зоран Заев.

Меѓу нив, посочуваат нашите соговорници, треба да биде советникот за надворешни работи Едмонд Адеми, а најверојатно и Виктор Андонов, советник за енергетика кој претходно беше дел од кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Она што засега останува енигма, е дали поранешниот контроверзен шеф на тајната полиција Зоран Верушевски  ќе остане советник за национална безбедност и во кабинетот на Ковачевски, откако оваа функција ја вршеше кај неговиот претходник Заев?

Неофицијално, Верушевски во последно време се почесто може да се види во Владата на Илинденска, но засега нема конечна одлука дали тој ќе го советува актуелниот премиер, откако тоа го правеше кај неговиот претходник како најскапо платен советник.

Инаку, Ковачевски деновиве изјави дека планира да го намали бројот на советници од над 50 на 13, меѓу кои, како што рече, треба да има директор на македонска банка, професорка од Велика Британија, поранешни европарламентарци од Германија…

В.С.

Поврзани новости