Премиерот Димитар Ковачевски со заменик-помошникот на САД Габриел Ескобар, кој ќе биде во дводневна посета на Македонија ќе се сретне утре. Премиерот рече дека за тие одлуки имаме поддршка од ЕУ и особено од САД и во таа насока е и посетата на Ескобар на регионот на Северна Македонија.
„Јас ќе имам разговор со него. Тој е исклучително информиран човек во однос на случувањата и на билатерално и на регионално ниво и ќе разговараме токму за национални, билатерални и регионални прашања од интерес на Северна Македонија“, изјави Ковачевски.
Во однос на уставните измени вели дека се работи за исклучително важна одлука за иднината на државата, која што е пред пратениците и која не задира во ниту едно идентитетско прашање на македонскиот народ.
„Уставните измени така како што се предложени во Собранието за коишто отпочна процесот во Собранието преку усвојување на дневниот ред и изнесување на ставовите на политичките партии, сите се уверивте дека не предизвикаа никакви турбуленции или негативни коментари од кој било во државата. Тие беа консултирани и со експертската јавност и со невладиниот сектор, и со политичките партии и изработена од експертско-политичка група – работна група која што беше формирана од Министерството за правда“, рече Ковачевски.