Ковачевски: Eдно општество за сите граѓани, со еднакви шанси за секој

by Fokus

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски со видео обраќање им го честита празникот Рамазан Бајрам на сите припадници на Исламската вероисповед.

Во честитката, премиерот Ковачевски истакнува дека Рамазан Бајрам е празник на обновата на духовната сила којашто ја зајакнува вербата на луѓето во доброто, вистината, правдата и поттикнува желба за меѓусебна почит, разбирање, солидарност.

„На сите припадници на Исламската вероисповед во нашата земја, во мое, и во име на Владата на Северна Македонија, упатувам најискрени честитки по повод големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам.

Рамазан Бајрам е празник на обновата на духовната сила којашто ја зајакнува вербата на луѓето во доброто, вистината, правдата и поттикнува желба за меѓусебна почит, разбирање, солидарност.

Градиме заедно едно општество за сите граѓани, со еднакви шанси за секој и знам дека само заедно ќе успееме најбрзо и најбезболно да ги пребродиме сите, па и овие последиците од кризата“, вели Ковачевски.

Поврзани новости