Ковачевски е и лажго, еднаш вели дека е трајно неспособен, а друг пат дека бил на студии, обвинува Ковачки

by fokus

Освен тоа што Ковачевски е дезертер тој е и лажго. Прашањето е кога ја лажеше јавноста, кога вели дека е трајно неспособен поради медицинска евиденција пред 20 години или кога вели дека дезертирал зошто учел факултет, прашува пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки денеска на нова прес-конференција откако го обвини премиерот дека дезертирал од служење на воениот рок.

-Вчера и дезертерот Ковачевски призна дека бил трајно неспособен поради медицински операции.

Тој кажа, цитирам : „Никогаш ниту сум избегнувал ниту бегал од одговорноста за служење на воениот рок. Се злоупотребува последователна хируршка интервенција од пред 20 години“

Но, пред само 6 месеци на прашањето дали служел воен рок, тој кажа дека не служел затоа што бил на студии, а кога завршил со студирањето повеќе немало обврска за служење војска.

Еве што кажа тогаш.

Прашањето е:

Кога ја лажеше јавноста, тогаш кога кажуваше дека не служел војска затоа што студирал или сега кога вели дека бил трајно неспособен?

Имено, дека премиерот дезертер Ковачевски е неспособен потврдија и од Министерството за одбрана, кои го потврдија документот објавен на социјалните мрежи, од кој јасно се чита дека премиерот е трајно неспособен.

Едно е јасно, дека дезертерот Ковачевски треба веднаш да си даде оставка од премиерската позиција затоа што е трајна неспособен да ја извршува функцијата премиер, изјави Ковачки.

Поврзани новости