Премиерот Димитар Ковачевски денеска апелира да не се копаат крипто валути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна.
-Во однос на снабдувањето имам апел. Има одредени домови па и правни лица во кои има енормно висока потрошувачка на струја и тоа е речиси 100-процентно заради копање крипто валути, тоа треба да се прекине зашто таа електрична енергија е субвенционирана од сите граѓани. Субвенцијата која на финалната цена ја плаќаат граѓаните е 80 проценти, но кога ќе кажете 80 проценти значи дека ако не е субвенцијата граѓаните треба да платат пет пати повисока цена. Секое неразумно непродуктивно и несовесно тгрошење предизвикува недостиг, допонбителни буџетски издатоци и немање за снабдување на оние на кои им треба за најважните лични и деловни потреби, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по седницата на Советот за безбедност.
Прашан зошто не се следи косовскиот пример кој законски забранува копање крипто валути, Ковачевски одговори дека за тоа е потребно носење законско решение.