Ковачев: Македонија да расчисти со комунистичкото минато и заедно да одиме по европскиот пат

by Фокус

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев оценува дека е потребен напредок на работата на Мешовитата македонско – бугарска комисија за историски прашања, за, како што вели, да нема одложување на почетокот на преговорите меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија.

-Напредокот на Комисијата е битен, покрај Договорот за добрососедство и Декларацијата усвоена од бугарскиот Парламент – истакна Ковачев вечерва во интервју за „Еврофокус“ на ТВ Телма.

Според него, Македонија и Бугарија треба да одат заедно кон европскиот пат, но, нагласува тој, прво треба да се расчисти со комунистичкото минато и да се исправат грешките во историјата настанати во времето на Тито.

-За жал, Македонија останува единствената држава која ја заснова својата држава на АСНОМ, на комунистичката диктатура. Тоа е многу тешко прашање поврзано со Југославија, со Тито, со Колишевски, со комунизмот и која за жал е се уште единствената држава во НАТО и ЕУ каде комунизмот е во основата – рече Ковачев.

Тој додава дека меѓу двете држави треба да се развива економијата, инфраструктурата, политиките за младите.

Поврзани новости