Димитров: Бугарскиот меморандум е навредлив во определени делови

by Фокус

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервју за „360 Степени“рече дека е изнаден од тонот на бугарскиот меморандум.

-Не можам да кажам дека читајќи го и препрочитувајќи го немам проблеми со текстот. Имам големи проблеми, во определени делови е многу навредлив и дефинитивно не е во функција на градење на блискост, на пријателство, на заедничка европска иднина. Меѓу другото, Бугарија од членот 2 од Договорот за пријателство има обврска и да ни помага во процесот на европска интеграција. Ние почнавме еден многу сложен, но многу благороден процес на заедничко растење и овој тон и определени тврдења не помагаат, прават пречки. Идејата на договорот беше да се создадат механизми како да се решат отворените прашања без притоа тие да станат пречка на европскиот пат – рече Димитров.

Тој додаде дека според неговите сознанија овој документ засега не произведува последици во процедурата која е во тек во ЕУ, односно консултации на земјите членки по текстот на предлог-преговарачката рамка што првично ја подготви Европската комисија.

Поврзани новости