Коучинг – Методологија која го освојува светот

by Фокус

kouching aleksandraКоучингот најдобро функционира со оние личности кои  секогаш се стремат да постигнат повеќе. Tаквите поединци но и компании најчесто знаат што сакаат и за нив не постојат проблеми туку исклучиво предизвици, кои доколку правилно се постават и решат, овозможуваат простор за натамошен напредок.

Александра Шаровиќ – Атанасовска, Професионален коуч и основач на MOMENTIS coaching & development http://www.momentis.mk/

Верувам сте слушнале како во Вашето опкружување се говорело за “коучинг” како нечие туѓо искуство, некаде далеку од тука. Можеби сте го сретнале поимот сосема случајно во некое од изданијата на Forbes или Harvard Business Review, ве заинтригирал и сте ја побарале дефиницијата за професијата која зема се поголем замав, посебно во сферата на личниот и професионалниот развој.

Водечката глобална коучинг федерација и професионална асоцијација за коучи ICF (International Coach Federation) го дефинира коучингот како “партнерство помеѓу клиентот и коучот во мисловно провоцирачки и креативен процес кој го инспирира клиентот да ги максимизира своите лични и професионални потенцијали”.

Но како се толкува општата дефинција на терминот, кои се можните полиња на примена на оваа методологија и каков е профилот на корисниците на коучинг услугите.

Она што го научив во периодот додека љубопитно истражував за коучингот (без разлика што тоа сеуште го правам, со истата љубопитност како и првиот ден) е дека оваа професија неминовно бара компаративно вреднување и строга дистинкција кога станува збор за нејзината примeнa, пред се’ поради фактот што постојат сличности со на неа сродни професии.

Што може да очекуваме од коучингот:

 kouching1

 … а што не ?!

Коучингот не е психотерапија, психологија, консалтинг, менторство.

Не советува, не учи, не лечи.

Не работи со болести, трауми и дијагнози.

Не е new age движење, секта, религија.

Не се повикува на виши сили и космички енергии.

Кога вака воочливо се поставуваат својствата на коучингот, логичен е заклучокот дека истиот е брз и ефикасен начин за постигнување на резултати. Клиентот, преку структуиран разговор, помогнат со конкретни алатки и техники, наместо да се концентрира на минати искуства или причини за актуелни состојби, како што тоа го прави терапијата, се придвижува кон посакуваната цел. До целта стигнува преку конкретни чекори кои водат до фундаментални промени во став, однесување и навики што ја прави коучинг методологијата ориентирана кон акција или делување. Токму оваа карактеристика пак го прави коучингот неодoлив за современите корпоративни култури на големите светски компании. Предводниците на овие интернационални корпорации нужно ја применуваат коучинг техниката во секојдневното работење, со цел да ја унапредат комуникација со своите тимови како и да ја утрврдат позицијата на секогаш иновативни и резонантни лидери. По својата функција, коучингот е најсличен на консалтингот. Меѓутоа, разликата е во тоа што во процесот на консалтингот се добиваат готови решенија, додека во коучинг процесот, клинетот сам доаѓа до најповолните решенија за себе.

Но што е она што ги прави коучите толку потребни во секојдневното современо живеење?

kouching12

Коучите се експерти во процесот на менување на шеми во размислувањето и однесувањето.

Не ретко сме се наоѓале во ситуации во кои сакаме да постигнеме одреден резултат, на приватен или професионален план, но мотивацијата да останеме истрајни на патот до успехот губела од својот интензитет.

Задача на коучот e јасно и непристрасно да го подржи клиентот при поставувањето на конкретни цели, креирањето на решенија и менаџирањето на личните промени, комплетно верувајќи на неговите квалитети и способности.

Доколку довербата во клиентот е толку силна, спонтано се наметнува прашањето дали секој може да биде клиент ?

Коучингот најдобро функционира со оние личности кои  секогаш се стремат да постигнат повеќе. Tаквите поединци но и компании најчесто знаат што сакаат и за нив не постојат проблеми туку исклучиво предизвици, кои доколку правилно се постават и решат, овозможуваат простор за натамошен напредок.

Вербата дека можат да растат и позитивно да се развиваат ги прави овие клиенти смели и подготвени за нови предизвици и промени, а коучинг процесот се одвива лесно и ја постигнува посакуваната цел.

Затоа, кога се обидувам да го дефинирам коучингот во форма на “elevator pitch”, во кратки црти нагласувам дека истиот е стратегија на храбрите во постигнување на ВРВНИ резултати.

 

Поврзани новости