Коцијанчиќ: Нема писмо од Хан до лидерите во Македонија

by Фокус

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан нема испратено никакво ново писмо до четирите лидери на партиите, како што викендов објавија повеќе медиуми во Македонија. Наводното писмо од Хан за време на продолжениот викенд дури беше и анализирано од експерти.

Маја Коцијанчиќ, портпоролка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и за проширување денеска на барање на „Сакам да кажам“ да ја открие содржината на писмото изјави: „Нема ново писмо. За тековната ситуација комесарот и европратениците продолжуваат да ги повторуваат поентите дадени во нивната изјава преку делегацијата на ЕУ, како елементи за тековните контакти меѓу партиските лидери“, изјави Коцијаниќ за СДК.

Поврзани новости