Филмот инспириран од Смилковско Езеро премиерно на Берлинале

by fokus

Со најновиот филм „Кога денот немаше име“, инспириран од убиствата кај Смилковско Езеро во 2012, режисерката Теона Митевска трет пат ќе биде дел од престижниот Берлински филмски фестивал, во програмата Панорама, пишува СДК.

„Кога денот немаше име“ е работен во копродукција со со „Вертиго“ од Словенија и „Ентре шиен“ од Белгија и во Берлин ќе има вкупно 7 проекции.

Филмот, без поголема медиумска вклученост пред две години се снимаше во Македонија, а се знаеше дека во него играат главно млади момчиња кои беа бирани на кастинг. На страната на филмот сега се открива оти се работи за случајот кога „денот пред Велигден во 2102 беа најдени застрелани четворица тинејџери кои беа на рибарање, крај езеро близу Скопје. Нацијата беше шокирана, во јавноста се ширеа шпекулации“, а авторката вели оти е ова филм за „земја каде што животот може одеднаш да прекине, како и што се живее“.

Поврзани новости