Коцијанчич: Европската перспектива на Скопје е многу сигурна и покрај заканите на грчката опозиција

by fokus

Европската перспектива на Северна Македонија е многу сигурна во светлината на усвојувањето на договорот за името во Атина и Скопје, што беше јасно предочено од лидерите на ЕУ во јуни минатата година, иако изјавија дека е неопходно македонските власти да спроведат понатамошни реформи.

Ова денеска во Брисел го изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Кочијанчич, одговарајќи на прашање на новинарите во Брисел дали ЕУ смета дека отпочнувањето преговори за членство со Северна Македонија е извесно по усвојувањето на Договорот за името во грчкиот Парламент, бидејќи, и покрај тоа, влијателната грчка опозицијата најави дека ќе го блокира патот на Скопје кон ЕУ.

Белградскиот весник „Данас“ во анализа на оваа тема, го наведува бриселскиот портал “Политико”, во кој се наведува изјавата на Киријакос Мицотакис, лидер на грчката опозициска партија Нова Демократија, дека патот на Скопје кон ЕУ ќе биде запрен “ако не бидат задоволени грчките интереси за време на преговорите за членство.”

Поврзани новости