Коцијанчич: ЕУ очекува влада на широка коалиција и целосна подршка на СЈО

by fokus 21:31
21:31

Европската унија очекува формирање на „широко базирана“ влада и бара целосна подршка на Специјалото Јавно обвинителство, вели во изјава за 24 вести портпаролот на Европската комисија Маја Коцијанчич.

Европската унија очекува брзо формирање на нова „широко-базирана“ влада и нејзина програма. продолжувањето на имплементацијата на Пржинскиот договор и итните реформски приоритети се суштински во овој поглед. Канцеларијата на специјалниот јавен обвинител е интегрален дел од пржинскиот договор и мора да се обезбедат потребни услови и време за СЈО да ја комплетира важната работа“ – вели Маја Коцијанчич, портпарол на Европската комисија за 24 вести

- Advertisements -

Слична порака претпладнево Коцијанчич испрати и преку државната новинска агенција, очекувајки брзо формирање на нова влада и спроведување на итните реформски приоритети

Поврзани новости