492
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски учествуваше наддвањето на МПЦ-ОА за три лопати, кое се одржа денеска во скопската населба Ченто, по поставувањето на камен-темелникот за изградба на црквата „Света Лидија Македонска“.
Од продажбата на лопатите, црквата инкасираше вкупно 10.000 евра, така што златната беше продадена за 5.000 евра, сребрената за 3.000 евра, додека бронзената, која достигна цена од 1.500 евра, отиде во рацете на градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски.
Ова претставува еден од начините за прибирање на средства на црквата, во кој од таму не гледаат ништо спорно или проблематично.