Груевски: Опозицијата ќе продолжи да ги вади студентите на улица

by Фокус

Мислам дека опозицијата ги вади и ќе продолжи да се обидува да ги вади студентите на улица. Според наши информации на повеќе факултети, особено во Скопје, имало притисок врз студентите да излезат на протест. На Архитектонскиот факултет дури и се правеле списоци.

Ова го изјави премиерот Никола Груевски на гостивањето во дневникот на Сител, во однос на масовните студентски против екстерното тестирање на факултетите.

– Владата не предлага концепт на екстерно тестирање, туку на државен испит во високото образование. При државен испит нема проверка на професорите, туку се проверува знаењето на студентите. Притоа, тие доколку и го положат испитот со 6-ка, а од професорот добиле 10-ка, нивната оценка нема да се менува, туку ќе биде важно само дека го положиле испитот – рече Груевски.

Во однос на најавите на опозицискиот лидер Зоран Заев дека ќе објави афера која за неколку дена ја урне владата и нејзиниот кредибилитет, тој истакна дека нудат сосема спротивен пристап од тоа што го промовира Заев.

Поврзани новости