419
Средбата со Бранко Црвенковски беше средба со единствениот поранешен жив претседател на Македонија, кого го почитувам, и таа немаше никаква врска со Фронтот за демократска Македонија, вели во интервју за ТВ 21 еден од основачите на ФРОДЕМ, Трифун Костовски.
– Во овие идеи што ние ги промовираме никој не не советувал, туку со тимот од млади луѓе околу мене дојдовме до фактот дека мора да се осврнеме сами околу себе – рече Костовски.
Според него, прерано е да се говори дека ФРОДЕМ ќе прерасне во политичка партија, туку првично сака да го разбуди дуохот кај партиите да се свртат кон човекот, а дури потоа да влезе во политичкиот ринг.