МВР за ФОКУС: Багажот го проверува аеродромско обезбедување, а не полицијата

by Фокус 18:26
18:26

ФОКУС: Дали МВР провери кој го пропуштил Мијалков без да го претресе?

МВР: Ве известуваме дека согласно Законот за гранична контрола Министерството за внатрешни работи на граничните премини го утврдува идентетот на лицата на влез и на излез од Република Македонија и врши увид во патната исправа на истите.

- Advertising -

ФОКУС: Тогаш кој ја донел одлуката за пропуштање на Мијалков без да му се провери торбата?

МВР:  Контролата на личниот багаж е одговорност на аеродромското обезбедување. Веќе преку медиумите беше соопштено дека приватната компанија која стопанисува со аеродромот ќе спроведе внатрешна контрола за случајот.

ФОКУС: Со каква патна исправа патувал Мијалков?

МВР: Лицето за кое се интересирате не поседува дипломатска исправа, туку поседува валидна патна исправа како и секој друг граѓанин.

ФОКУС: Дали Мијалков го раздолжи пиштолот откако ја напушти функцијата во УБК?

МВР: Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање не должи никакво службено оружје. Истиот е целосно раздолжен со заминувањето од функцијата Директор на УБК.

ФОКУС: Дали имате податок за приватното оружје на Мијалков и со какви пиштоли располага?

МВР: Министерството за внатрешни работи има база на податоци за сите лица кои поседуваат оружје со одобрение вклучително и на лицето за кое се интересирате.

 

 

Поврзани новости