Костовски: Прво им замина Јакимовски, па Арсовска, а сега ВМРО остана и без Алијанса

by Фокус

Пратеникот на СДСМ Мартин Костовски денеска од собраниската говорница истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ги губи коалициските партнери.

-Останаа сами, станаа нервозни, првин замина Стевче Јакимовски, па Данела Арсовска, па Алијанса за Албанците, затоа се нервозни – рече Костовски, додавајќи дека денес е нов пораз на Мицкоски, бидејќи, како што посочи, нема зголемено парламентарно мнозинство и нема парламентарни избори.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ се однесува лицемерно.

-Македонија, нашите граѓани немаат време за губење. Државата мора храбро и одлучно да оди напред. Денеска може да објавиме дека се прави добар исчекор, имаме поголемо парламентарно мнозинство за реформи, за економски политики за интеграција во ЕУ – порача Костовски.

Поврзани новости