Бугарија ги испраќа во Турција генераторите што ги одби Македонија

by Фокус

Бугарија ќе и ги подари на Турција трите генератори што претходно и ги вети на Македонија, објавија бугарските медиуми.

Бугарското Министерство за внатрешни работи вети дека демонстративно ќе испрати генератори на македонската граница, откако на Деве Баир беа запрени група бугарски граѓани кои планираа да одат на чествувањето на Гоце Делчев во Скопје, со објаснување дека немало струја на граничниот премин.

БНР вчера објави дека македонските полицaјци од Деве Баир одбиле да ги примат генераторите што ги вети министерот Иван Демерџиев, па тие ќе бидат пренасочени кон Турција каде што имало поголема потреба по разорниот земјотрес.

-Се надевам дека Република Северна Македонија ќе собере сила и средства подобро да ја менаџира границата –  изјавил Демерџиев, додавајќи дека претстојат конзулски консултации во кои тој се надева дека ќе учествува.

Според него, МВР собира целосна информација за настанот на границата која што потоа ќе му ја достави на македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Поврзани новости