Демонстранти и полицијата се судрија пред парламентот во Тирана

by Фокус

Демонстрантите пред парламентот во Тирана се судрија со полицијата откако ја опколија зградата, пишува ,,Албаниан дејли њуз”. Тие фрлаа пиротехнички средства кон зградата и побараа оставка од премиерот Еди Рама.

Ова се втори протести откако поранешниот премиер Сали Бериша најави бран демонстрации додека Рама не поднесе оставка.

Пратениците на Демократската партија на Албанија, Сали Бериша, Фљамур Нока, Лучијано Бочи се обиделе да влезат во просториите на парламентот, но биле спречени на влезот, бидејќи на последната седница биле исклучени поради прекршување на собраниската регулатива.

Поврзани новости