Костовски: Обвинителството да ги идентификува лицата против кои се води истрага со име и презиме

by fokus

Лицата против кои ќе биде поведена истражната постапка не се обзнанети, а по мене би било ред да бидат идентификувани со име и презиме, вели бизнисменот и поранешен мнозински акционер на пропаднатата Еуростандард банка, Трифун Костовски во писмена изјава објавена на Фејсбук профилот.

-После шестмесечен молк од страна на Јавното Обвинителство излегува во јавноста со наредба за истрага во самата Еуростандард Банка. Моите сознанија говорат дека ова е изнуден чин на Јавното Обвинителство да се појави во јавноста после толку многубројни мои апели. Повторувам, во целата истрага мора да се вклучат и лица надвор од банката. Утре следи мојата официјална колумна со која јавноста ќе биде подлабоко запознаена со сите игри околу стечајот на Еуростандард банка, напиша Костовски.

Обвинителството соопшти дека е отворена истрага против четири одговорни лица во банката која пропадна.

Поврзани новости