Млад човек скокнал од мост во Велес, откако на Фејсбук ја најавил својата намера

by fokus

Екипите на СВР Велес се излезени на самото место и се врши увид. Се уште не можеме да излеземе со официјални податоци, вели за „Фокус“, портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, по повод настанот кој пред околу два часа ги вознемири велешани.

Неофицијално, според првичните информации, млад велешанец скокнал од Железен мост, а бил забележан од очевидци, кои ја известиле полицијата.

На социјалните мрежи посветени на градот се појавија шпекулации дека пред да скокне од мостот, тој објавил статус на својот Фејсбук профил со кој наводно ја најавил својата намера.

Од СВР Велес најавија повеќе детали во тек на утрешниот ден.

Вики Клинчарова

Поврзани новости