„Нека си погледнат во 2013 година, на затворена седница на Влада каде што се разгледуваше Извештајот за сериозен инцидент од 07.05.2013 година. Сериозен инцидент на горно небо, кога два авиона за малку ќе се судреа и ќе настанеше катастрофа од невидени размери,“ рече Сотир Костов поранешен заменик-директор на М-НАВ во „Студио 10“ на ТВ 24.
Тој тврди дека присебноста на двајца контролори и двајца пилоти била клучна во тој момент успешно да се избегне катастрофата.
Костов го посочува Фахрудин Хамиди како лице кое го сокрил инцидентоткој во тоа време бил како раководител на SQS.
„Неговата екипа ги убеди тогашните директори да не го пријават, го откривме ние, пријавивме на министер, пријавивме во влада и дојде до еден судир. Тогаш министер за економија беше Беким (Незири) и Бујар Османи тие си ги одбранија, а им помогна и еден друг министер, за надворешни работи (Никола Поповски). И сега пазете кога ќе имаш татко директор на министер (Живко Поповски), кога ќе имаш зет директор на министерка, а зборам за директори во М-НАВ, еве до што доаѓа,“ посочува Костов.
Костов порачува дека случајот во 2013 година може да се провери, дека се е документирано и дека за тоа има Извештај кој потврдува дека се работи за истите актери, кои ни се случуваат после точно 10 години.