Костадинов: Силјановска не се огради од говорот на омраза од поддржувачите на нејзината кандидатура

by Фокус

Порпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, денеска изјави дека Гордана Силјановска е кандидат за претседател на ВМРО-ДКМНЕ избрана од Христијан Мицкоски и Никола Груевски. Како што рече Костадинов, на земјава не и треба претседател кој ќе биде послушник како што, според него, бил Ѓорге Иванов.

-Гордана Силјановска вчера на конвенцијата можеше да се огради од криминалните политики на Никола Груевски, да се огради од деструктивните активности на Христијан Мицкоски во однос на напредокот на Република Северна Македонија, да се огради и да го осуди ширењето на говор на омраза на нејзините колешки, коишто и ја дадоа поддршката. За жал тоа не го видовме – рече тој.

Портпаролот на СДСМ додаде дека Силјановска претставува уште една продолжена рака на Мицкоски.

Поврзани новости