435
Консултациите за уставните амандмани се водат со сите пратеници кои се заинтересирани за овој процес а во нив учествуваат и актуелни пратеници од ВМРО ДПМНЕ, велат денеска од СДСМ.
-Разговараме како колеги за тоа што би се случило доколку овој процес пропадне, за тоа дали постојат алтернативи и апсолутно ве уверувам дека никој не знае друга алтернатива освен интеграција на државата во ЕУ и НАТО, вели Костадин Костадинов од СДСМ.
Додава дека опфатени во процесот се и осумтте пратеници од опозицијата кои ги поддржаа уставните измени и ќе формираат посебна пратеничка група, но уште еднаш потенцираше дека сепак имаат консултациите и со дел од актуелните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.