755
Продолжуваат препукувањата меѓу актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
„Прости му господе на Миле Лефков, имал лошо детство и не знае што прави.Од мене му е простено, напиша на совјот Фејсбук профил Костадинов, откако пратеникот претходно изјави дека струмичкиот градоначалник е уште еден пример како од голтар во СДСМ преку функција се станува милионер.
-Добредојден е Миле во Струмица да поразговара со струмичани за да заклучи за кој голтар говори. До скоро видување…, му порача Костадинов на Лефков.