Не престанува лажењето на Христијан Мицкоски, извртувањето на вистината и немањето конкретен став за било која тема. Христијан Мицкоски кој дипломирал, магистрирал и докторирал на Машинскиот факултет во Скопје, а потоа му станал и асистент на својот татко, вели дека магистрирал и докторирал во Италија и Германија како стипендист на двете пријателски земји. Го повикуваме јавно Мицкоски да каже каде дипломирал, магистрирал и докторирал и да објасни под кои услови и со кое знаење, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Тој рече дека на средбата со бугарскиот премиер, Бојко Борисов, Мицкоски му рекол дека бил стипендист на италијанска влада и дека таму ја поминал магистратурата и докторат во Германија како стипендист на геманска влада.
„Иако изјавата е половина на бугарски половина на македонски повеќе е од јасно дека го гледа во очи премиерот Борисов и го лаже“, рече Костадинов.
Да го потсетиме Мицкоски, рече тој, дека во ниту еден дел од неговата биографија нема наведен кога, каде, и како чиј стипендист бил на студиски престој.
„Со исклучок на штурите информации дека работел на некакви заеднички студентски проекти, нема никаков друг податок. Го прашуваме повторно Мицкоски, каде и под кои услови дипломираше, магистрираше и докторираше“, рече Костадинов.