Костадинов кон Мицкоски: Христијан, каде магистрираше и дипломираше?

by fokus 14:54
14:54

Уште еден ден, уште еден молк од Христијан Мицкоски, за лагите кои ги изнесе и неговата магистратура и докторатот ги доведе во врска со Италија и Германија, порача Костадин Костадинов од СДСМ.

Денеска, повторно го поставуваме прашањето до Мицкоски:

 ·         Христијан, каде магистрираше и дипломираше?

- Advertising -

·         Дали не се срамиш затоа што гледаш во очи на премиерот на соседна Бугарија, Борисов и јавно го лажеш?

·         Мицкоски кажи пред јавноста, каде и под кои услови си магистрирал и докторирал?

 Со молкот Мицкоски уште еднаш, по којзнае кој пат потврдува дека е неискрен и нечесн политичар кон граѓаните.

 Мицкоски не знае да води висока политика бидејќи Никола Груевски му ја води и политиката и партијата.

 Се што знае Мицкоски се лажни вести, деструкција и неодговорно однесување“, порача Костадинов.

 

Поврзани новости