„Гирионис“ дивее на Халкидики: Четири жртви и големи материјални штети

by Fokus

Невремето „Гирионис“, кое што од неделата вечерта ја зафати Грција, одзеде четири животи и предизвика материјална штета, поради што е прогласена вонредна состојба.

На грчкиот остров Родос, 75 годишна жена вчера беше пронајдена мртва во нејзиниот дом, кој се поплавил од обилниот дожд, а таа била неподвижна и не можела да се спаси. На островот Кос, 76-годшна жена- зимски пливач била пронајдена мртва на плажата на која што секое утро одела да плива.

Поради невремето, вчера вечер во превртен чамец на пристаништето на градот Антирио, животот го загубија две лица.

Сериозна материјална штета од поплавите претрпеа патните мрежи на островите Родос, Лимнос и Тасос, како и Халкидики, Кавала и областа Кинета во западниот дел на Атика, поширокиот регион на Атина.

Генералниот секретар за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас прогласи вонредна состојба во неколку општини на Тасос и Родос и во Кавала.

Поврзани новости