Гаревски: Не очекуваат многу афтершокови, ама граѓаните во Македонија се безбедни

by Fokus 15:03
15:03

Сите објекти во земјава кои се изградени после 1963 година, а посебно после 70-тите години се доста сигурни, затоа македонските граѓани да не паничат, по ваков силен земјотрес во Драч се очекуваат и голем број афтершокови, но македонските граѓани се безбедни, вели Михаил Гаревски за „Фокус“, поранешен директор на реномираниот скопски Институт за земјотресно инжењерство и сеизмологија.

– Апелирам граѓаните во земјава, да не се тревожат и да бидат смирени бидејќи  не може да се очекува дека овој земјотрес во централното подрачје на Драч да предизвика активирање на некој од сеизмички активните региони во Македонија. Исто така нема простор за паника  бидејќи поголемиот број на повреди при земјотреси се случува при бегање или пак од удари од предмети кои се во домот. Затоа и при посилен удар пожелно е да се засолниме под цврст предмет, маса, за да се заштитиме од повреда, објаснува Гаревски за „Фокус“.

Според него иако  овој земјотес е посилен по ослободената енергија од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963, сепак  поради оддалеченоста, ниту еден од овие афтершокови, поради атенулацијата на забрзувањето, не може да доведат до никакви оштетувања на било кој објект на територијата на Македонија.

- Advertising -

Ваква магнитуда нормално е да се почувствува и во поширокиот регион, затоа и не е за изненадување што се почувстува и во Босна и Херцеговина,  Србија и тоа воопшто не е за изненадување.

С.Т.

 

Поврзани новости