Костадинов ја поврза фирмата со опасниот отпад со Груевски, ВМРО му пушти песна од „Рибја Чорба“

by Фокус

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов денеска оддржа прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ која се однесуваше за скандалот со опасниот отпад. Додека тој говореше, од централниот штаб на ДПМНЕ му пуштија песна од Рибја Чорба. Во однос на тоа, Костадинов реагираше дека опозиционерите наместо да решаваат проблеми, пуштаат песни.

Инаку, сдсмовскиот портпарол истакна дека фирмата „Еко-Клуб”, каде беше пронајден несоодветно третираниот отпад, е во сопственост на Сашо Јанакиески, кој, според него, е многу близок соработник на Никола Груевски на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сашо Јанакиески, сопственикот на „Еко клуб” беше поставен за директор на унгарски трговски куќи во Скопје. Сашо Јанакиевски е почесен конзул за Македонија на унгарскиот премиер Виктор Орбан, премиерот кој му даде азил на Никола Груевски. „Еко клуб” е битолска фирма, која дебело се офајдила во времето на ВМРО-ДПМНЕ – тоа се гледа во бројните тендери од времето на вмросвскиот градоначалник на Битола, Владимир Талески – рече Талевски.

Во однос на тоа, реагираше и екс премиерот Груевски на фејсбук, истакнувајќи дека не го познавал Јанакиевски.

„Најсмешниот дел во целата ситуација е што СДСМ изгубени во времето и просторот, мене и ВМРО-ДПМНЕ не прогласуваат за виновни за нешто што ним како власт им се случило откако се три години на власт. Нешто што не се случило во минатото а се случило сега“, напиша Груевски на фејсбук.

Поврзани новости