(Видео) Пожар во зграда во Кавадарци, градоначалникот на терен со пожарникарите

by fokus

Пред околу два часа во станбена зграда на улица „Пано Мударов” во Кавадарци избувна пожар. Во неговото локализирање веднаш на терен излегоа екипите на противпожарната служба, ЈП Комуналец и ЈП Паркинг Кавадарци.

Екипите на противпожарната служба најпрвин ги евакуираа станарите од зградата. На терен, помеѓу вознемирените станари беше присутен и градоначалникот Митко Јанчев.

Моментално пожарот е локализиран, а причинета е значителна материјална штета. Повредени лица нема.

 

-Поради брзата и ефикасна интервенција на службите се избегна голема трагедија. Станарите беа на време евакуирани, градоначалникот беше на самото место на настанот, веднаш вети поддршка и помош за семејствата. За среќа, на време беше спречено ширење на пожарот на околните објекти – ни раскажа очевидец на настанот.

Се работи на утврдување на причините за пожарот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости