Костадинов ја покажа новата партнерка: Тој како Тито, Гордана како Јованка!

by fokus

Денес со почеток од 18.30 часот во склоп на манифестацијата Струмички карневал ќе се одржи Интернационалната карневалска вечер.

Атанас Костуранов и Катерина Јовановска, кои синоќа во хотелот Сириус беа избрани за принц и принцеза на тамошниот маскенбал ќе ја предводат карневалската поворка заедно со кралот.

Фотографии од вчерашниот настан ги преплавија социјалните мрежи, а најмногу внимание привлече првиот човек на градот, градоначалникот Костадин Костадинов.

Тој се појавил на маскенбалот како маршалот Јосип Броз Тито, а за прв пат во јавност ја покажа и новата парнерка, како Јованка Броз.
Иако Костадинов не сака да зборува за приватниот живот, дознаваме дека станува збор за Гордана Георгиева, со која од неодамна е во врска.

Кон крајот на минатата година тој се најде во центарот на вниманието, откако ја раскина свршувачката со долгогодишната партнерка, битолчанката Марија. И тогаш за ,,Фокус” изјави дека темата е приватна и не би ја коментирал јавно.

Покрај Костадинов, впечатливи се маските и на неговите пријатели, кои на вчерашниот маскенбал се појавиле како историски ликови.

На фотографиите кои се споделуваат, покрај Тито и Јованка, можат да се забележат и Гадафи, Хитлер, Сталин…

За време на Интернационалната карневалска вечер, во Струмица се очекуваат голем број на гости од земјава, но и од странство.

Вики Клинчарова

Поврзани новости