Коста Крпач бил сведок за повеќе предмети на СЈО

by fokus

Одговарајќи на новинарско прашање, обвинителката Ленче Ристоска рече дека Коста Крпач бил сведок на СЈО и за предметот „Трезор“, како и дека обезбедил информации и за други истраги и предмети кои ги истражува обвинителството.

Ристоска не откри дали Крпач добивал закани од функциониерите кои се сега осомничени во „Трезор“, но кажа дека сите докази кои ги поседуваат ги дале на Основното јавно обвинителство каде се води истрага дали тој се самоуби или е убиен.

Сите трансакции се вршеле преку фирмата „ФИНЗИ ДООЕЛ“, чиј управувач бил Коста Крпач, а со сопственост во САД, но Ристоска истакна дека отворено е прашањето кој навистина стои позади оваа фирма.

Поврзани новости