Функционери од УБК преку „Финзи“ го оштетиле државниот буџет за 800 илјади евра

by fokus

Специјaлното јавно обвинителство денеска ја презентираше новата истрага со кодно име „Трезор“. Според истрагата, три раководни лица од УБК и едно раководно лице од МВР прибавиле имотна корист за „Финзи ДОЕЛ“ од 862.045 евра, при набавка на опрема за телекомуникација од Велика Британија. Ова е директна штета на државниот буџет на Македонија.

Обвинителката Фатиме Фетаи објасни дека во истрагата СЈО има сведок од МВР кој учествувал во целиот процес. Инаку, раководител на фирмата „Финзи ДООЕЛ“ беше Коста Крпач, кој беше сведок на СЈО и беше пронајден мртов под сомнителни околности.

Ова е прв случај за економски криминал кој произлегува од прислушуваните материјали.

Поврзани новости