Косовското Собрание утре ќе расправа за платформата за дијалогот со Србија

by fokus

Претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели информира денеска дека собраниското Претседателство одлучи вонредната седница за Платформата за дијалогот со Србија да се одржи утре, со почеток во 9 часот, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Седницата е закажана за во 9 часот на барање на премиерот, изјави Весели, информирајќи дека за 10 часот е предвидено продолжени на редовната собраниска седница.

Платформата за продолжување на преговорите со Србија ја изготви преговарачкиот тим формиран од Собранието, а со кој раководат вицепремиерот и лидер на партијата Социјалдемократска иницијатива (Нисма), Фатмир Лимај и градоначалникот на Приштина и лидер на Социјалдемократската партија (ПСД), Шпенд Ахмети.

Најавувајќи дека Платформата ќе се најде во Парламентот во текот на неделава, Лимај вчера изјави дека очекува таа да биде изгласана од пратениците, со штокако што рече, „Косово ќе има официјален став за дијалогот со Србија“. 

Поврзани новости