Косово мора под итно да формира војска, смета партијата на Харадинај

by Fokus

Одделот за одбранебени и безбедносни политики (ДПМС) при владејачката Алијанса за иднината на Косово (ААК) го оцени како исклучително позитивно испраќањето во собраниска процедура од страна на Владата на трите нацрт-закони со кои се тежнее кон тансформација на Косовските безбедносни сили (ФСК) во војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Овој орган на партијата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај смета дека „таквите проактивни дејствија на Владата, во координација со стратешките партнери на ФСК, НАТО и САД, создаваат комплетна законска инфраструктура за формирање на Војската на Косово“.

– (Тоа е) главна компонента на безбедноста за гарантирање на суверенитетот и мирот, зачувувајќи го директно безбедносниот амбиент во Косово и регионот и воените капацитети за мировни мисии во светот, се вели во денешното соопштение на ДПМС на ААК.

Партијата на Харадинај нагласува дека „ги поздравува сите државни и меѓународни заложби, со посебен акцент на САД и НАТО, за готовноста да понудат стратешка поддршка за техничките воени аспекти и логистика во интерес на мисијата на ФСК“.

– Потребата Косово да формира војска е многу итна и изнаоѓањето координирана формална опција би подразбирало проширување на мисијата на ФСК до целосната трансформација, се вели во соопштението на ДПМС на ААК.

Поврзани новости